Што е Paket.mk?
Paket.mk е онлајн супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 15.000 производи достапни за достава истиот ден до Вашиот дом. Вршиме достава на целата територија на Скопје, 7 дена неделно од 08:00 до 22:00 и недела до 16:00.
Често поставувани прашања
Да, за да направиш нарачка потребно е да си регистриран корисник на на Paket.mk. Тоа се прави на следниот линк со внесување на општи податоци или со најава преку твојот facebook профил.
Paket.mk е онлајн супермаркет без физичка локација и затоа е потребно секој корисник да биде регистриран, за да може нашиот систем да препознае кој ја прави нарачката, во колку часот и на која локација да биде доставена.
На Paket.mk нема минимален износ за нарачка, цената за достава варира во зависност од зафатеноста на терминот и висината на нарачката, и може да има надоместок од 0 до 299 денари. За нарачки над 4.000 денари доставата е секогаш бесплатна.
Доставата е бесплатна за првaта нарачка на нов корисник. По првата нарачка, цената за достава варира во зависност од зафатеноста на терминот и висината на нарачката, и може да има надоместок од 0 до 299 денари. За нарачки над 4.000 денари доставата е секогаш бесплатна.
За вонградска достава во пошироката околина на Скопје се наплаќа фиксен додаток од 250 денари.
Нашите корисници, и нивната удобност се наш приоритет. На Paket.mk можеш да си одбереш термин за достава кој најмногу ти одговара.
Нудиме едночасовни термини достапни од понеделник до сабота почнувајќи од 08:00 - 09:00 часот, а последниот едночасовен термин кој може да се одбере е од 21:00 - 22:00 часот.
Покрај едночасовните термини имаме и шестчасовни термини за достава и тоа 10:00 - 16:00 часот и 16:00 - 22:00 часот. Овие термини се најчесто со пониска цена за достава.
Во недела, нудиме едночасовни термини почнувајќи од 10:00 - 11:00 часот, а последниот едночасовен термин кој може да се одбере е од 19:00 - 20:00 часот. Покрај едночасовните термини, во недела имаме и шестчасовен термин од 10:00 - 16:00 часот.
За време на празници, во зависност од празникот, Paket.mk доставува со вонредно работно време. Сите слободни термини за достава може да се видат на следниот линк.
Првиот термин кој може да се одбере е минимум 2 часа пред реализирање на доставата, но само доколку твојата кошничка не содржи производи од надворешен трговец. Доколку твојата нарачка вклучува производ од нашите надворешни трговци (пример: месарница Андреа, пекарница Крин, слаткарница Зафир) системот ќе ти ги понуди термините во кои може да се реализира доставата и повторно ќе можеш да го избереш терминот кој најмногу ти одговара.
Извршуваме достава на целата територијата на град Скопје. При внесување на адреса и поставување на маркер на мапата, ќе забележите две зони: Зелена (градска) и Жолта (вонградска). Доставуваме на било која локација во рамките на жолтата зона.
За вонградска достава во пошироката околина на Скопје се наплаќа фиксен додаток од 250 денари.
Плаќањето може да се изврши на три начини:
Онлајн со платежна картичка. Поддржани картички се сите Visa, MasterCard, Maestro или Diners, како и картичките од домашните брендови. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку системот на CaSys. По успешно извршената авторизација, добивате потврда за извршено успешно/неуспешно плаќање по пат на e-mail и/или СМС.
Со картичка на врата при реализација на доставата.
Банкарски налог. По селекција на производите, потребно е да се притисне полето „Продолжи кон плаќање“, а потоа да се резервира термин и да се притисне полето „Одбери начин плаќање“. Откако ќе се селектира опцијата за плаќање со банкарски налог, потребно е да се притисне полето „Продолжи“. Ќе се појави страница со потврда и конечен преглед на нарачката, по што, по притискање на полето „Нарачај” ќе добиеш е-порака со прикачена профактура, и инструкции за извршување на уплатата. Откако ќе добиеме потврда за уплатата, доставата ќе биде остварена во закажаниот термин.
Важно: Доколку се врши уплата со банкарски налог, уплатата треба да се изврши најмалку еден ден пред одбраниот термин за испорака, со цел навремено процесирање на нарачката и почитување на избраниот термин.
Пред сѐ мора да бидеш регистриран корисник на Paket.mk. Тоа се прави на следниот линк со внесување на општи податоци или пак едноставно со најава преку твојот facebook профил.
За да направиш нарачка, потребно е да ги селектираш производите кои ти се потребни. По селекцијата на производи, потребно е да притиснеш на полето „Продолжи кон плаќање“. Оттука системот те пренасочува кон страната на која треба да селектираш адреса за достава. По селектирање на адресата, треба да го притиснеш полето „Одбери термин за достава“. Доколку веќе имаш резервирано термин за достава, треба да го притиснеш полето „Одбери начин плаќање“, а доколку немаш резервирано термин, во овој чекор го бираш терминот кој најмногу ти одговара, па потоа продолжуваш со притискање на горенаведеното поле. Системот потоа те пренасочува кон страната за плаќање, кадешто можеш да одбереш начин на плаќање кој најмногу ти одговара. Во моментов плаќањето може да се изврши на три различни начини:
- Онлајн со платежна картичка
- Банкарски налог
- ПОС терминал
Селектирај го начинот на плаќање кој најмногу ти одговара, и притисни го полето „Продолжи“. Ќе се појави страница со потврда и конечен преглед на нарачката, по што, по притискање на полето „Нарачај!” твојата нарачка ќе биде реализирана, и за истата ќе добиеш потврда на твојата мејл адреса.
При креирање на твојата прва нарачка и плаќање на истата онлајн, системот најпрвин ќе те пренасочи кон трансакција од 0 ден. Овој чекор е задолжителен и служи за верификација на картичката. По успешно верифицирање на картичката потребно е повторно да се вратиш во твојата кошничка и да го притиснеш полето „Продолжи кон плаќање“, кадешто ќе ти се овозможи плаќање на вкупната сума на нарачката.
По завршување на последниот чекор од правење на нарачката добиваш:
- Потврда на твојата мејл адреса за успешно креирање на нарачката кадешто може да го видиш бројот на твојата нарачка и податоците за истата.
- Фактура на твојата мејл адреса која е електронски авторизирана од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ ДОО Скопје и е валидна во таа форма.
Доколку не си дома, во терминот кој го имаш веќе избрано, истиот може да го презакажеш и промениш по контактирање во координација со нашата корисничка поддршка.
При неуспешна достава на нарачката, ќе те исконтактира нашата корисничка поддршка со цел да договори нов термин за достава кој ти одговара за примање на нарачката.
Потребни ви се дополнителни информации?
Погледни ги општите правила и условиПакет Маркет доо Скопје MK4057017535842
Tel: 02 320 77 40
Email: contact@paket.mk