Продавај на Paket.mk

Сакаш да продаваш онлајн? Paket marketplace ти нуди целосен пакет за производите да стигнат до крајните потрошувачи.

Започни со продажба сега!

...
...

Најголем онлајн супермаркет и marketplace во Македонија.

Флексибилност и можност за избор на модел за соработка.

...

Гаранција за квалитет, 100% корисничко задоволство или рефундација на средства.

360° услуга: наплата, достава и 12 часовна корисничка поддршка, 6 дена во неделата.

...

Софистицирана платформа и дистрибутивен центар за е-трговија.

Сопствена флота и паметен систем за подигнување и достава на нарачките.

...

Бесплатен и едноставен поврат на производи.

Финансирани попусти за дополнителна заработка.

Често Поставувани Прашања

Кој може да продава на Paket.mk?

Сите трговски друштва регистрирани во Република Северна Македонија можат да ги продаваат своите производи преку платформата на Paket.mk.

Кои производи може да се продаваат на Paket.mk?

Сите производи се вклопуваат во концептите на супермаркет или трговски центар, т.е. производи кои вообичаено ги бараме во овие продавници.

Не може да се продаваат производи кои подлежат под посебни лиценци и дозволи, како на пример, одредени лекови, опасни супстанци, оружје и др.

Кои се можните модели на соработка со Paket.mk?

Marketplace модел

Во рамки на marketplace моделот достапни се два логистички модели на соработка:

Collection by Paket

  • Секојдневно ја преземаме потребната роба од вашата локација
  • Добивате увид во нарачките и количината на производите кои е потребно да се подготват за преземање во предвидениот термин
  • Имате можност за тековно деактивирање и активирање на производите од вашето портфолио. Доколку вашиот систем поддржува синхронизација, возможно е и поврзување за автоматско синхронизирање на количините.

Warehousing by Paket

  • Повремено доставувате роба во дистрибутивниот центар на Paket каде робата се складира и се чува во ваше име и за ваша сметка
  • Целосното подготвување на нарачките е обврска на Paket
  • Добивате увид во остварените продажби, достапните количини и други инфомации кои ви се потребни за ажурно сервисирање на потрошувачите.
Како се формира цена на производ?

Со marketplace моделот, самиот трговец ја одредува крајната цена на производот која се прикажува на платформата. Paket задржува одредена провизија на остварената продажба.

Како се одредува терминот за подигање на нарачки?

Нарачките се подигнуваат еднаш или повеќе пати во денот. Достапните термини за достава до крајниот купувач зависат од најраниот предвиден термин за подигнување, така што повеќе термини за подигнување обично значат побрза достава кон крајните купувачи. Бројот и времето на термините зависат од условите на самиот трговец и се предмет на договор помеѓу Paket и трговецот.

Како се следат направените нарачки за кои е потребна подготовка?

Paket овозможува пристап до Панел за трговци преку кој може да се следат нарачките, да се контролираат производите и да се генерираат соодветни извештаи.

Кога и како се подготвуваат испратници и фактури за производите?

Испратниците може да се подготвуваат со секое подигнување на дневниот збир на нарачки, но фактурирањето за сите производи се одвива еднаш месечно. Испратниците служат за двојна проверка и полесна евиденција на претходно остварените продажби.

Како да се спакуваат производите кои Paket.mk ги подига?

Секоја нарачка се пакува во амбалажа на самиот трговец (ќеса, хартиена ќеса, кутија, итн) и на неа се обележува бројот на нарачката од системот на Paket.mk.

Колку чини влистување на производи на Paket.mk?

Влистувањето на производите е бесплатно.

Кои податоци се неопходни за влистување на производи на Paket.mk?

Задолжителни податоци за влистување се: „Име на производот“, „Опис“, „Фотографија“, „Цена“, „Категории“ и „Карактеристики“. Опционални податоци се: „Баркод“, „Идентификатор“.

Описот е задолжителната декларација за производот пријавена во Државниот пазарен инспекторат на македонски јазик.

Фотографијата е со минимална резолуција од 750x750px на бела позадина и без watermark.

Цената е вкупната регуларна цена која ја плаќа крајниот купувач.

Во колоната категории ги внесувате сите категории во кои ќе биде влистан вашиот производ. Пример за производ - Бисквити од брашно од спелта: „десерти и грицки“, „бисквити и колачи“, „здрава храна“. Paket.mk го задржува правото да ја промени категоризацијата на вашиот производ доколку смета дека тоа е потребно.

Во колоната карактеристики ги влесувате сите карактеристики кои дополнително го опишуваат производот. Пример за производ - Бисквити од брашно од спелта:„органски“, „вегански“, „вегетеријански“, „безглутенски“. Paket.mk го задржува правото да ги промени карактеристиките на вашиот производ доколку смета дека тоа е потребно.

Опционалните колони Баркод и Идентификатор се користат за евентуална автоматска синхронизација на залихите со вашиот WMS/e-commerce систем.

Пристап до панелот за трговци се овозможува на сите marketplace трговци чии производи се подигнуваат спакувани во договорен термин и локација. На овој панел може да ги следите продажбите, да ги листирате/делистирате вашите производи, и да следите кои нарачки треба да се подготват до следниот термин за преземање.

Која е минималната резолуција на фотографии за влистување на Paket.mk?

Минимална резолуција 750x750 пиксели на бела позадина, а идеална резолуција е 1000x1000 пиксели.

Какви маркетинг соработки се возможни со Paket.mk, со колкав маркетинг буџет и на колкав временски интервал?

Paket.mk овозможува флексибилна рамка на маркетинг можности кои вклучуваат: закуп на банер на насловна страна, закуп на банер во рафт, позиционирање на производ и препорачан бренд во рафт.

Минималниот временски интервал за закупување на маркетинг простор преку банери на Paket.mk изнесува една недела за банер на почетната страна и еден месец за банер во рафт, додека цената се разликува во зависност од периодот на годината.

По барање, Paket.mk изработува наменски маркетинг план во посакуван временски интервал и со расположливиот маркетинг буџет на компанијата.

Кои се димензиите на банери кои се објавуваат на Paket.mk?

Банер на почетна страна: 730 x 292 px

Банер во рафт: 900 x 140 px

Контакт

За дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте нè на:

  • За supermarket: supermarket@paket.mk
  • За marketplace: marketplace@paket.mk

Започни со продажба сега!

...