Нови
Најави се

Правила и услови за користење на Paket.mk

Општите правила и услови се последно ажурирани на 08.11.2025 година

Воведни одредби

Paket.mk е онлајн супермаркет во сопственост на Друштвото за производство, трговија и услуги ПАКЕТ МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје, со седиште на Партизански одреди бр.76/4, Скопје - Карпош, со ЕМБС 7180349 и ЕДБ 4057017535842 (во понатамошниот текст: ПАКЕТ МАРКЕТ).

Со овие Општи правила и услови за користење (во понатамошниот текст: Општи правила и услови) се дефинираат правата и обврските за користење на интернет платформата www.paket.mk и нејзините услуги и функционалности. Трговијата преку www.paket.mk претставува посебен начин на вршење на трговија преку интернет, овозможувајќи целосна онлајн нарачка, купување и плаќање преку www.paket.mk и достава нa производи до крајниот купувач.

Од Јуни 2025 година ПАКЕТ МАРКЕТ ги лансираше и мобилните Android и iOS апликации Paket.mk достапни на App Store и Google Play. Овие правила и услови се однесуваат и применуваат на користењето на мобилните апликации Paket.mk на ист начин како и користењето на интернет платформата www.paket.mk.

Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи правила и услови:

• Посетител на www.paket.mk е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација и социјални медиуими пристапува на веб страната www.paket.mk и ја разгледува понудата на производи на ПАКЕТ МАРКЕТ;

• Купувач/корисник е физичко или правно лице кое од една локација/адреса за достава преку веб страната www.paket.mk нарачува и купува производи од понудата на ПАКЕТ МАРКЕТ;

• Домаќинство претставува единствена локација/адреса за достава на која е идентификуван/лоциран одреден купувач или група купувачи и на која се доставуваат производи од понудата на ПАКЕТ МАРКЕТ.

За Посетителот/Купувачот кој ја користи платформата www.paket.mk и стапува во деловен однос со ПАКЕТ МАРКЕТ се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронска трговија, трговија, заштита на потрошувачите, заштита на личните податоци, како и овие Општи правила и услови.

Со самиот пристап на www.paket.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате Општите правила и услови. ПАКЕТ МАРКЕТ ги задржува правата за промена на овие Општи правила и услови во секое време, а во таков случај, ПАКЕТ МАРКЕТ ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин преку објава на www.paket.mk.

Услови и правила за купување на www.paket.mk

Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 12.000 производи достапни за достава истиот ден. Процесот за купување и достава на производите е објаснет подолу:

Направи избор на производи

Направете избор на саканите производи со додавање во кошничката. Количината може да ја одредите со притискање на копчето Додај во Кошничка (со што се додава едно парче или стандардната количина од производот) и дополнително да ја зголемите со пристикање на копчето Плус на истата страница или во самата кошничка. Количината може да се намали со притискање на копчето Минус на истата страница или во самата кошничка. Производите може да ги најдете користејќи го пребарувачот во горното мени или со листање низ категориите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на ПАКЕТ МАРКЕТ. Купувачот може да ја откаже, дополни или измени нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

Производот/те се резервирани за достава по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.

Избери термин за достава

По изборот на производи, преминувате КОН ПЛАЌАЊЕ каде ги внесувате вашите податоци или се најавувате доколку претходно имате регистрирано корисничка сметка. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката задолжителни се податоците за контакт, како и податоци за адресата за достава.

На истата страна избирате термин за достава и со притискање на ПЛАТИ преминувате кон внесување на податоците од вашата платежна картичка. Со оглед дека плаќањето е целосно електронски и безготовински, ПАКЕТ МАРКЕТ до купувачите не доставува фискална сметка согласно законските прописи.

Примена нарачка

По извршената наплата, нарачката е примена и се подготвува за доставување. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата на електронската пошта која ја имате наведено, за потврда на нарачката. E-mail пораката содржи број/шифра и датум на нарачката, вид, количина, поединечна и вкупна цена на нарачаните производи, начин на плаќање, начин и време на достава и податоци за купувачот како и адресата за достава.

Во случај на недостапност на одредени барани производи дел од нарачката, купувачот во најкус можен рок ќе биде контактиран од страна на Корисничката поддршка на ПАКЕТ МАРКЕТ при што ќе му биде понуден соодветен заменски производ кој одговара на функцијата и квалитетот на нарачаниот производ, или опција платените парични средства за бараниот производ да му бидат вратени (рефундирани) на трансакциската сметка преку која го извршил плаќањето за нарачката или истите да му бидат засметани како поени за идни купувања на www.paket.mk, евидентирани на корисничката сметка.

ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува дискреционото право на одбивање или поништување на направена нарачка во било кој случај. Во случај на одбивање или поништување на направена нарачка од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ, купувачот има право на поврат на платените парични средства (рефундација) согласно условите за рефундација. За повеќе информации, Ве молиме погледнете го делот Прием и преглед на производи, поврат и рефундација подолу.

Доставуваме до вашиот дом

Подготвената нарачка ќе биде доставена во одбраниот термин на наведената адреса за достава. Ќе добиете известување на e-mail за статусот на вашата нарачка.

Производи

ПАКЕТ МАРКЕТ гарантира дека секој производ објавен на интернет страницата www.paket.mk има соодветна декларација согласно законските прописи. Поради технички причини, декларацијата за производ објавена на www.paket.mk може да биде различна од актуелната декларација која ја носи самиот производ.

ПАКЕТ МАРКЕТ ги обезбедува потребните информации за производот (баркод, тарифи, ДДВ стапка, нутритивни вредности, краток и долг опис, слика во соодветен квалитет) како и целокупната документација која го следи производот (декларација, сертификат за безбедност, сертификат за органско производство, сертификат за квалитет, анализи и сл) од страна на своите добавувачи. Поради тоа, ПАКЕТ МАРКЕТ не сноси одговорност за било каква неточност и недоследност на информациите поврзани за производите кои се надвор од контрола на ПАКЕТ МАРКЕТ, како и можна повреда на правата од интелектуална и индустриска сопственост на трети страни.

ПАКЕТ МАРКЕТ не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите од производите прикажани на веб страницата www.paket.mk се од информативен карактер и може да се разликуваат од реалниот изглед на производите.

Регистрација на купувач и корисничка сметка

Paket.mk е интернет платформа кој може да ја користат сите физички и правни лица согласно овие Општи правила и услови.

Купувањето преку www.paket.mk е достапно за сите правни лица и за деловно способни физички лица. Во зависност од возраста на купувачот, за одреден тип на производи кои подлежат на посебни услови за продажба (алкохол, цигари итн.), ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото да ја ограничи/спречи продажбата.

Купувачот кој сака да стане регистриран корисник на www.paket.mk потребно е по одбирањето на производот/ите и нивно ставање во кошничката за купување, да ги внесе деталите за нарачка и да одбере неговите податоци да се запомнат и да се регистрира на www.paket.mk.

Со цел отворање на корисничка сметка на www.paket.mk, корисникот е потребно да внесе податоци за име, презиме, email адреса и лозинка, по што од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ на внесената email адреса на корисникот се испраќа активациски линк преку кој корисникот ја активира корисничката сметка. Со кликање на копчето Активирај! корисничката сметка е активирана. Во делот Мојот профил се содржани податоците кои се однесуваат на корисничката сметка на корисникот како Поени (преглед на корисничките поени што ги има корисникот), Минати нарачки (преглед на минатите нарачки на корисникот), Лични податоци (податоци за име и презиме на корисникот), Лозинка (каде истата може да се провери и промени), Нова картичка (каде се дава можност за зачувување на нова платежна картичка за полесно плаќање), Зачувани картички (преглед на зачувани платежни картички со можност за нивно ажурирање/бришење), Адреси (преглед на регистрирани адреси за достава со можност за нивно ажурирање/додавање и бришење). Податоците кои се потребни за отворање на корисничката сметка како и податоците кои се внесуваат и чуваат за корисникот за целосно функционално управување и користење на корисничката сметка од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ, се чуваат од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ врз основа на согласност од страна на корисникот се додека се неопходни за исполнување на услугата од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ. Корисникот има право во секое време да ја повлече дадената согласност и да бара бришење на податоците содржани во корисничката сметка. За повеќе информации Ве молиме погледнета ја Политиката за приватност.

Регистрираниот корисник со пополнување на податоците на www.paket.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува, вклучувајќи ги и личните податоци. ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на корисник со цел да се провери нивната веродостојност.

Правото на користење на www.paket.mk е лично на купувачот и не е преносливо на кое било друго лице. Купувачот има право да ја користи платформата www.paket.mk и производите/услугите обезбедени од ПАКЕТ МАРКЕТ само како краен корисник, за негова сопствена/лична употреба. Овозможување на комерцијална употреба од страна на трети лица или препродажба на производите/услугите од страна на купувачот на трети лица со цел остварување на заработка за купувачот или за трето лице е забрането, освен доколку е склучен посебен договор со ПАКЕТ МАРКЕТ или на друг начин одобрено од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ во писмена форма. Прекршувањето на оваа обврска ќе биде санкционирано согласно важечките прописи, при што ПАКЕТ МАРКЕТ има право веднаш да го прекине деловниот однос со купувачот и да го ограничи/прекине користењето на www.paket.mk.

Регистрираниот корисник на www.paket.mk има право и можност во секое време да бара бришење на корисничката сметка. ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото на ограничување на работата како и бришење на корисничките сметки кои делуваат спротивно на овие Општи правила и услови или кои ја злоупотребуваат смислата на истите на било кој начин.

Цени и надоместоци

Цените на сите производи на www.paket.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. ПАКЕТ МАРКЕТ нема да сноси одговорност во случај на грешно изразен ДДВ на одредени производи што нема да влијае на конечната цена на производот што купувачот ќе ја плати.

ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на друштвото, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Надоместоците кои ПАКЕТ МАРКЕТ ги наплатува се однесуваат на придружните услуги кои ПАКЕТ МАРКЕТ ги овозможува за купувачите поврзани со пазарењето на www.paket.mk и може да бидеат поврзани со доставата, терминот за достава, начинот на плаќање и слично. За повеќе информации за надоместокот за достава, Ве молиме погледнете го делот Достава подолу.

Начин на плаќање

Плаќањето за производите/услугите на ПАКЕТ МАРКЕТ купени преку www.paket.mk може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

Плаќање со платежна картичка; и

Плаќање со уплата на банкарска сметка.

Секоја нарачка преку www.paket.mk е проследена со електронски авторизирана фактура која се проследува до купувачот преку посебна email порака.

Плаќање со платежна картичка

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Стопанска Банка АД Скопје, при што поддржани се сите VISA, MasterCard, Maestro или Diners платежни картички, како и картичките од домашните брендови.

Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. Доколку корисникот одбере да плати за нарачката при креирањето на нарачката преку www.paket.mk, при плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку cPay системот на CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот добива потврда за извршено успешно/неуспешно плаќање по пат на e-mail и/или СМС. За правни лица, при внес на податоци за доставата, потребно е да се внесе називот на правното лице за да се добие потпишана фактура за плаќањето.

ПАКЕТ МАРКЕТ користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на www.paket.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Податоците поврзани со платежната картичка на купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. ПАКЕТ МАРКЕТ во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. ПАКЕТ МАРКЕТ не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка со оглед дека истите се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање. ПАКЕТ МАРКЕТ чува т.н. токенизиран идентификатор добиен од нашиот картичен процесор кој може да се употреби за безбедно плаќање само на www.paket.mk.

Корисникот има можност да одбере да плати со платежна картичка при самата достава на нарачката, при што плаќањето се врши кај доставувачот при доставата на нарачката преку ПОС терминал. Плаќање во готовина не е возможно.

ПАКЕТ МАРКЕТ под никакви околности не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на купувачот за време на реализација на електронското плаќање.

ПАКЕТ МАРКЕТ во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и/или согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи ПАКЕТ МАРКЕТ нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.

ПАКЕТ МАРКЕТ нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на техничка грешка која настанала пред/во/по моментот на користење на електронските услуги, и врз која ПАКЕТ МАРКЕТ немал увид и контрола.

Плаќање со уплата на банкарска сметка/профактура

Плаќањето со уплата на банкарска сметка може да се изврши од страна на физичко или правно лице од сите банки регистрирани на територија на Република Северна Македонија со соодветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка и избирање на начин на плаќање „УПЛАТА НА БАНКАРСКА СМЕТКА”. Со притискање на „ПЛАТИ“ се согласувате дека ќе извршите уплата согласно инструкциите кои ќе ги добиете во следниот чекор. Доставата ќе биде извршена по потврда/увид на уплатата. ПАКЕТ МАРКЕТ може да ја провери уплатата во рок од 10 минути по извршување на уплата од иста банка (НЛБ Банка АД Скопје или Стопанска Банка АД Скопје), односно во 15:00 часот за уплата од друга банка која е испратена до 14:00 часот, по што се врши организирање на достава на производот/ите на дадената адреса за достава од страна на купувачот.

По потврда на уплатата ќе добиете e-mail со фактура за вашата нарачка. При доставата ќе добиете и потпишана фактура.

Достава

Регион покриен со достава

Производите нарачани преку www.paket.mk ќе бидат испорачани на целата територија на Град Скопје преку сопствениот систем на достава на ПАКЕТ МАРКЕТ или преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката од страна на купувачот. Регионот покриен со достава на територијата на Град Скопје ги опфаќа териториите на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Сопиште и Илинден.

Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект во избраниот термин за достава.

Термини за достава и надоместок за достава

При испраќање на нарачката потребно е да се избере еден од достапните термини за достава. Достапни едночасовни термини за достава има секој ден во периодот од 08:00 до 22:00 часот, а во недела од 10:00 до 20:00 часот. Покрај едночасовните термини на достава, ПАКЕТ МАРКЕТ овозможува и шестчасовни термини за достава, кој во случај на избор од страна на купувачот, овозможуваат достава на нарачката во било кое време во избраниот шестчасовен период, согласно можностите и распоредот на достави на ПАКЕТ МАРКЕТ.

Поради намалување на неизвесноста при пазарењето и потранспарентно информирање за достапните термини на www.paket.mk, ПАКЕТ МАРКЕТ воведе систем за РЕЗЕРВАЦИЈА НА ТЕРМИН (СЛОТ). Купувачот има можност пред да започне со пазарењето и креирањето на нарачката, или во текот на пазарењето, да го одбере посакуваниот термин за достава од прикажаните можни термини. Во листата се прикажани само термините за достава кои се достапни. По одбирањето, терминот за достава е резервиран за купувачот во следните 60 минути. Резервираниот термин ќе биде обележан со зелена позадина. За време на резервацијата, купувачот има време во следните 60 минути да одбере производи и да ја комплетира нарачката. Доколку корисникот не ја комплетира нарачката во резервираниот период од 60 минути, резервацијата на терминот автоматски се откажува и потребно е корисникот одново да изврши резервација.

Достапноста на термини за достава зависи од интерниот капацитет, надворешните фактори, како и побарувачката за конкретниот термин (т.е. искористеноста). ПАКЕТ МАРКЕТ не гарантира достапност на термините.

Надоместокот за достава за нарачка со вредност помала од 1.200,00 МКД е варијабилен износ кој започнува од 249,00 МКД. За нарачка со вредност помеѓу 1.200,00 МКД и 4.000,00 МКД, надоместокот за достава е варијабилен износ до 249,00 МКД. За нарачка со вредност над 4.000,00 МКД не се наплатува надоместок за достава, т.е. надоместокот за достава е фиксен и секогаш е 0,00 МКД. За пресметување на надоместокот за достава, износот на нарачката не вклучува дополнителни попусти, надоместоци и искористени поени. Висината на надоместокот за достава зависи од терминот за достава и искористеноста на капацитетот за одредениот временски термин, вкупниот износ на нарачката, промотивен период за достава итн.. Надоместокот за достава се пресметува веднаш во реално време и се прикажува во самиот преглед за одбирање на терминот за достава. Надоместокот за достава се прикажува и во пресметката на нарачката пред самото плаќање и е изразен во крајната фактура.

Реализација на доставата

Откако нарачката ќе биде преземена за достава од страна на доставувачот, купувачот добива e-mail, СМС или друг тип на известување (push нотификации и сл.) со информација за името на доставувачот и потврда за адресата за достава.

Непосредно пред извршувањето на доставата купувачот добива СМС порака во која стои предвиденото време за достава. СМС пораката содржи линк за реално следење на локацијата на доставувачот при вршењето на доставата.

Пред доставата на производот/ите, купувачот може биде телефонски контактиран од страна на доставувачот на телефонскиот број оставен за контакт, за појаснување или помош за точната адреса/место за достава, како и за дополнителни упатства. Точен телефонски број е задолжителен податок при креирање на нарачка.

Доставата на производот се врши на наведената адреса за достава од страна на купувачот, при што доставувачот може да побара име или потпис од примачот, или да изврши фотографирање од чинот на достава, како потврда/доказ за извршената достава. Дополнително, веднаш по комплетирањето на достава, купувачот добива email со потврда дека нарачката е доставена т.е. доставата е комплетирана, каде што има можност да ја оцени доставата, доставувачот или производите, како и да пријави проблем доколку е потребно.

ПАКЕТ МАРКЕТ обезбедува ладен ланец на снабдување и достава, при што производите на ПАКЕТ МАРКЕТ се доставуваат со возила за достава кои овозможуваат следење и одржување на температура и влага, спакувани во соодветни брендирани хартиени кеси, овозможувајќи заштита од надворешни влијанијае и избегнување на ризикот од намалување/губење на квантитетот и квалитетот на производите за време на транспортот.

ПАКЕТ МАРКЕТ се обврзува да ги достави производите во рамки на одбраниот достапен термин или не подоцна од еден час од крајот на одбраниот достапен термин.

Откажување на нарачка, неможност за реализирање на достава, недоставување и вонредни услови на достава

Купувачот има право да ја откаже планираната нарачка најдоцна 12 часа пред предвидениот термин за достава.

Во случај доставата на нарачката да не може да биде реализирана поради отсуство на лице кое може да ја прими истата на адресата наведена за достава, ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото да го одреди терминот и да ја организира доставата на нарачката под свои услови, во следен разумен рок согласно можностите и распоредот на достави на ПАКЕТ МАРКЕТ. Купувачот ќе биде известен за следниот термин за достава најдоцна 12 часа пред доставата на e-mail адресата која е искористена за креирањето на нарачката.

Во нормални услови, доколку нарачаните производи не се доставени во предвидениот термин за достава, купувачот не е должен да ја плати нарачката, односно веќе платениот износ ќе му биде рефундиран во разумен рок, а производите ќе бидат повлечени (вратени на ПАКЕТ МАРКЕТ) при самата достава или со закажување на термин за превземање (враќање) на производите. Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производите се оштетени, односно не се во првобитната форма.

Покрај предвидените услови во делот ВИША СИЛА подолу, ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото за проценка на условите за достава, како и за промена на термините за достава во случај на вонредни услови за достава. Под вонредни услови за достава кои не претставуваат услови на виша сила се следните:

• Екстремно лоши временски услови;

• Време за достава во текот или непосредно пред/по Новогодишна вечер, Божик, Велигден и други државни и верски празници, каде обемот на работа ја ограничува можноста за ефикасно планирање и исполнување.

Прием и преглед на производи, поврат и рефундација

Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални физички оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува или е со различен квалитет/квантитет во однос на нарачаното.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да го информира ПАКЕТ МАРКЕТ преку еден од каналите за контакт со Корисничката поддршка во рок од 12 часа од приемот на производите. Во ваков случај, купувачот мора да му обезбеди на ПАКЕТ МАРКЕТ неспорни докази во однос на недостатоците, односно физичките оштетувања на производите и да овозможи враќање на производите во истата состојба во која биле примени.

Во рамки на своите заложби за заштита на правата на потрошувачите, како и унапредување на довербата во онлајн трговијата, доколку ПАКЕТ МАРКЕТ утврди дека рекламацијата е основана, односно оправдана, ПАКЕТ МАРКЕТ на купувачите им ги гарантира следните права:

• Замена на производи со соодветен квалитет, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за враќањето ќе ги сноси ПАКЕТ МАРКЕТ. Доколку ПАКЕТ МАРКЕТ нема соодветен производ (производ што ќе одговара на потребите на купувачот), купувачот има право по свој избор да бара враќање на платениот паричен износ; или

• Искористување на вредносен купон – ваучер во износ кој ќе го определи ПАКЕТ МАРКЕТ а кој ќе биде сразмерен на утврдените недостатоци, и кој купувачот ќе има право да го искористи за купување на производи достапни на www.paket.mk во рок од 30 дена; или

• Да му биде рефундиран износот што е платен за производите кои содржеле одреден недостаток, односно оштетување. Средствата ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето најдоцна во рок од 5 дена.

За сите останати производи, купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, ако е сочуван изгледот на производот, рокот на употреба, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и придружната документација која на купувачот му била дадена заедно со производот при доставата. Трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената може да ги прифати ПАКЕТ МАРКЕТ, но може да биде побарано и да ги сноси и самиот купувачот.

Правото за поврат на производите може да се оствари со пополнување на Барање за поврат, каде што купувачот е должен да внесе име, email, телефон за контакт, број (код) на нарачка, да ги наведе производите кои сака да ги врати како и причината за повратот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од купувачот, ПАКЕТ МАРКЕТ нема соодветен производ (производ што ќе одговара на потребите на купувачот), купувачот има право по свој избор да бара враќање на платениот паричен износ (рефундација).

Ограничување на одговорност

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на www.paket.mk. Исто така, секој купувач се согласува да го обештети и нема да го смета за одговорен ПАКЕТ МАРКЕТ, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Општите правила и услови за користење на платформата www.paket.mk од страна на купувач или друг корисник.

Поради видот и природата на одредени типови производи (месо, овошје, зеленчук и сл.), ПАКЕТ МАРКЕТ не одговара за евентуални мали измени/разлика на нарачаните количини во однос на количините кои крајниот корисник ќе ги добие.

Производите кои се дел од одредена акција или се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани. ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото да ја одбие секоја нарачка во услови кога купувачот ги нарушува правилата на планираната акција или промоција.

ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото да го измени времетраењето на секоја акција или промоција на производи во секое време.

Промоции и акции, Пакет поени

Заради поттикнување на продажбата на одредени производи, ПАКЕТ МАРКЕТ може повремено да организира и спроведува промоции (промотивна, акциска, сезонска).

ПАКЕТ на јасен и недвосмислен начин ќе го определи и истакне периодот на промоција – промотивна, акциска и сезонска продажба, типот и видот на производи опфатени со промоцијата, минимум или максимум количината од производите предмет на промоцијата кои треба/може да се нарачаат итн.

ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото да го ограничи пристапот до промоцијата или одбие нарачка на производи кои се опфатени со промоција, доколку во правилата за промоцијата е јасно истакнато дека истата е ограничена на едно Домаќинство.

Како дел од промотивните активности, ПАКЕТ МАРКЕТ овозможува добивање на “Пакет поени” кои можат да се искористат за пазарување на платформата www.paket.mk, при што 1 Пакет поен претставува 1 МКД. Искористувањето на “Пакет поени” не е временски ограничено.

Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на веб страницата www.paket.mk и нејзините содржини, без изречена писмена дозвола и согласност од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.

Директни трансакциски пораки и директен маркетинг

Со самата регистрација како купувач на www.paket.mk, корисникот дава согласност да добива трансакциски информации или информации со кои се вршат активности на директен маркетинг, со испраќање на SMS/MMS пораки, други директни пораки преку Viber, WhatsApp, Facebook, Messenger, и/или push нотификации, и/или e-mail пораки од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ. . Корисникот може во секое време бесплатно и со употреба на едноставни средства да ја измени, ограничи или повлече дадената согласност. Корисникот нема можност да ја ограничи и повлече дадената согласност за добивање на клучни и неопходни трансакциски информации кои се нужни за целосна функционалност на системот за нарачка и достава. Под клучни и неопходни трансакциски информации се подразбираат потврди за примена нарачка, сметка за нарачка, фактура, потврда за испорака, потврда за достава, предвидено време за достава, упатување кон примачот, успешно доставена нарачка, забелешка во врска со нарачката, барање на дополнителни информации, замена или рефундација на производ/и и промени во врска со нарачката и други важни информации без кои соработката ја губи суштината и не би можела да се реализира делумно или во целост.

Со самата регистрација како купувач на www.paket.mk, секој регистриран корисник дава согласност да добива директна пошта со промотивен материјал и билтени (newsletter) од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ на e-mail адресата со која е регистриран на www.paket.mk. Секој регистриран корисник има право во секое време да ја повлече дадената согласност и да побара истиот да биде отстранет од листата за добивање на директна пошта и билтени со избирање на опцијата Unsubscribe.

Континуираност на услугата

ПАКЕТ МАРКЕТ ќе вложи максимум напори за да му обезбеди на корисникот непречено и непрекинато користење на www.paket.mk при што ќе ги преземе сите разумни мерки за да ги идентификува и отстрани сите дефекти или пречки и ќе ги преземе сите разумни мерки за да се овозможи повторно користење на www.paket.mk во нај6рзо можно време.

Иако цел на ПАКЕТ МАРКЕТ е www.paket.mk да биде достапен 100% од времето, веб страницата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на ПАКЕТ МАРКЕТ, пристапот до www.paket.mk може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

При евентуални технички проблеми со веб страницата, ПАКЕТ МАРКЕТ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не е обврзан да изврши било какво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Корисничка поддршка и право на приговор

Корисничка поддршка

Купувачите на www.paket.mk имаат можност за постојана телефонска корисничка поддршка и советување за сите прашања поврзани со користење на www.paket.mk секој ден од 08:00 до 21:00 часот на телефонскиот број 02 320 77 40.

Купувачите имаат можност и за постојана чет корисничка поддршка одбирајќи ја опцијата Пиши ни во горниот десен агол или во делот Контакт, каде што со внесување на име и e-mail, посетителот/купувачот може да испрати порака до ПАКЕТ МАРКЕТ, која ќе биде одговорена во најкус можен рок од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ, но не подоцна од 24 часа.

Дополнително, Купувачите имаат можност да остварат контакт со ПАКЕТ МАРКЕТ испраќајќи e-mail на contact@paket.mk.

Право на приговор

Секој купувач има право на приговор во случаи на повреда на неговите правата како потрошувач врз основа на закон или овие Општи правила и услови, во писмена форма на хартија или испраќајќи e-mail на contact@paket.mk. ПАКЕТ МАРКЕТ е должен најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот, да му одговори на потрошувачот на неговиот приговор.

Во случај на непостапување по доставениот приговор, како и во случај на незадоволство во однос на одлуката по приговорот од страна на ПАКЕТ МАРКЕТ, корисникот има право на претставка до Државниот пазарен инспекторат на РСМ.

Виша сила

Користењето на www.paket.mk и услугите од ПАКЕТ МАРКЕТ може да биде прекинато или со намален квалитет поради настанување на ситуација на виша сила. Како ситуација на виша сила се смета секој настан кој се случил независно од волјата на ПАКЕТ МАРКЕТ и чие настапување не можело да биде предвидено ниту спречено, при што таквиот настан влијае на обезбедувањето на услугата и исполнувањето на обврските на ПАКЕТ МАРКЕТ и обезбедувањето на користењето на www.paket.mk, како што се природни настани (поплави, пожари, атмосферски електрични празнења, епидемии итн.) општествени настани (штрајкови, граѓански немири, блокади, војна, вонредна состојба, кризна состојба итн.), одлуки на надлежни органи/акти на јавна власт или испади, дефекти и прекини на електроенергетскиот систем, системи и инфраструктура на оптички врски за пренос на податоци итн.

ПАКЕТ МАРКЕТ нема да биде одговорен кон корисниците на www.paket.mk за било каква пречка или настанат прекин во обезбедувањето на услугите и функционирањето на www.paket.mk поради појава на ситуација на виша сила.

Разрешување на спорови

ПАКЕТ МАРКЕТ и корисникот ќе се обидат спогодбено да го решат секој спор кој може да се појави од користењето на www.paket.mk, вклучувајќи ги споровите во однос на толкување, примена и извршување на овие Општи правила и услови. Доколку страните не успеат да ги решат споровите на тој начин, спорот ќе биде решен од надлежен суд во Скопје.

За се што не е предвидено во овие Општи правила и услови, ќе се применуваат применливите прописи на Република Северна Македонија.

Завршни одредби

Овие Општи правила и услови важат за сите корисници кои пристапуваат на www.paket.mk и кои вршат купување и/или ги користат услугите на ПАКЕТ МАРКЕТ како крајни корисници и истите се применуваат од датумот на нивното објавување на www.paket.mk наведен на почетокот.

Сите прашања кои не се опфатени со одредбите на овие Општи правила и услови ќе бидат разрешувани со директна примена на применливите правни прописи важечки во Република Северна Македонија.

Доколку некоја одредба од Општи правила и услови станат неважечки или неприменливи, важењето на другите одредби останува на сила и нема да биде доведено во прашање.

ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира производи и/или услуги или воведува услови за производи и/или услуги на www.paket.mk без претходно известување.

ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи правила и услови како и содржината на www.paket.mk, а најновата верзија на Општите правила и услови корисникот ќе може да ги прочита на www.paket.mk. Измените на овие Општи правила и услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.

Вашата нарачка #
Вашата кошничка е празна
logo