ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Правилникот е последно ажуриран на 22.11.2021

Заштита на личните податоци

Објавената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на веб страната www.paket.mk. Со политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб сајтот www.paket.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страната. Со користењето на оваа веб страница се сложувате со одредбите од оваа политика за заштита на личните податоци. Одредбите и објавите во политиката за заштита на лични податоци можат да бидат повремено изменети и секоја измена ќе биде евидентирана и соодветно објавена на овој веб сајт. Од овие причини, ве повикуваме и охрабруваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе го посетувате нашиот веб сајт со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци. Прибирањето и обработката на личните податоци на овој веб сајт е во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци.

Контролор на личните податоци

Контролор на личните податоци е Друштво за производство, трговија и услуги ПАКЕТ МАРКЕТ ДОО Скопје, со седиште на Бул. Партизански одреди бр.76/4, Скопје – Карпош, Република Македонија, со ЕМБС 7180349 и ЕДБ 4057017535842.

Офицер за заштита на личните податоци

Офицер за заштита на личните податоци именуван од страна на Контролорот на личните податоци е лицето Маја Лозаноска, емаил: maja@paket.mk; телефонски број: 075 455 299.

Видови на податоци кои се собираат и обработуваат и целите за обработка на истите

Личните податоци кои се доброволно евидентирани/внесени од нашите посетители при правење на нарачка на веб страницата: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник. Овие информации се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите посебна дозвола/согласност да ги користиме за друга цел, пр.директен маркетинг итн. Личните податоци кои ги оставате/внесувате при нарачки кои треба да се достават на трети лица или адреси, се употребуваат исклучиво со цел да се достави нарачката до крајниот примател. При тоа, личните податоци на нарачателот се заштитени и не ги издаваме на трети лица без негова претходна дозвола/согласност за истото. Личните податоци кои ги оставате/внесувате при регистрација на нашата веб страница: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, банкарска картичка, се прибираат и употребуваат со цел да Ви се овозможи електронска нарачка на производи од асортиманот на www.paket.mk. Личните податоци поднесени во нашата контакт форма, со барање за повик или испраќање на порака, како: име, електронска адреса и телефонски број со цел да комуницирате со нас за одредено прашање, се користат за да Ви одговориме на Вашите прашања/барања/коментари и со тоа да го подобриме корисничкото искуство на посетителите на нашата веб страница. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои се собираат податоците за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат. Податоците кои ги собираме за нашите посетители како: времетраењето на посетата; видот на уредот што се користи; видот на прелистувачот што се користи; Вашата IP адреса; јазикот што се користи; термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страница; географската локација и др. се собираат анонимно со користење на технологија на колачиња (cookies). Посетете ја нашата Политика за колачиња за да дознаете повеќе информации за тоа каков тип на колачиња користиме и како да ги подесите колачињата во Вашиот пребарувач. Активностите за обработка на личните податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страницата www.paket.mk се извршуваат од страна на овластени вработени кои се одговорни за овие активности.

Начин на собирање на личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали и тоа: преку вашата посета и користење на нашата веб страница; преку вашата посета на нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram; при креирање профил и правење нарачка; со користење на нашата контакт форма; со оставање коментар на нашите производи; преку нашата е-адреса за контакт: contact@paket.mk и е-адресата на нашиот офицер за заштита на лични податоци maja@paket.mk; пошта.

Време на чување на собраните лични податоци

Серверските логови секој ден се зипуваат и се чуваат 365 дена, при што секој ден се брише најстариот лог. Нашата страница е поставена на серверите на DigitalOcean Inc. и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб страница. Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Права на субјектите на личните податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци вклучуваат: право да бидете информирани за обработката на личните податоци; право на пристап до личните податоци; право на исправка и бришење на личните податоци; право на ограничување на обработката на личните податоци; право на приговор. За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Маја Лозаноска, емаил: maja@paket.mk; телефонски број: 075 455 299. Ако сметате дека начинот на кој www.paket.mk ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како надзорно тело, по кое се постапува во согласност со член 97 од Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните информации: Е-пошта: contact@paket.mk. На Ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од Вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на веб сајтот www.paket.mk. Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци. Доколку се променат Вашите личните податоци, истите можете да ги ажурирате со најава на Вашиот кориснички профил. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните Вашиот профил, може да испратите барање на contact@paket.mk. Вашите лични податоци се чуваат додека Вашиот профил е активен. Но, деактивирањето на Вашиот профил не значи дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние сме обврзани да чуваме податоци за изминати дејствија поврзани со онлајн купувања на веб страницата поради финансиски извештаи, заштита на потрошувачи, евенутален случај на спор, статистички извештаи за продажбите итн.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено овластени вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и ќе бидат заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземаат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Заштита на Вашиот кориснички профил

Вашата лозинка е клучот од Вашиот кориснички профил. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено вам. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб страница со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап. Користиме HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Доколку Вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нè и направете промена на лозинката.

Политика за колачиња

Оваа страница користи колачиња за да Ви обезбеди подобро корисничко искуство. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер или уред што го користите при посета на веб страницата www.paket.mk. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Користиме неопходни колачиња (necessary cookies), статистички колачиња и останати. Колачињата и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, вид на уред што се користи, следење на број на посетители на веб сајтот и употреба на веб сајтот од страна на посетителите. Колачињата придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Повеќе детали за тоа какви колачиња применува www.paket.mk може да прочитате во нашата Политика за колачиња.

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат наведени во оваа политика за заштита на личните податоци, почетната страна на веб сајтот www.paket.mk и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена: Октомври, 2021 год.