Цена за тебе
Цена за тебе
Нашата цел е да го прилагодиме понудениот избор што поблиску до твоите потреби и очекувања. Избравме стотина секојдневни производи кои активно ги споредуваме и изедначуваме со најголемите дисконтни маркети во Скопје. Овие производи се обележани со беџот „цена за тебе“.
Биди во тек
Не пропуштај ги промотивните понуди и ваучери за попуст и регистрирај се за да добиваш информации во твојата е-пошта.
Три лесни чекори
Tи пазариш
Твојата вообичаена потрошувачка кошничка со секојдневни производи од најпопуларните брендови е сега достапна онлајн по најниски цени. Разгледај ги производите обележани со беџот и пазари безгрижно.
Ние споредуваме
По доставување на нарачката, доколку забележиш производ со беџ да има повисока цена од онаа во дисконтните маркети, пријави ја разликата во цена кај нашата корисничка поддршка и истата ќе ти ја надоместиме во поени.
Ти добиваш
Покрај добивката од заштедено време и пазарење од удобноста на твојот дом, добиваш и најголема вредност за твоите пари. Секоја разлика во цена ќе ти ја надоместиме со поени кои ќе можеш да ги користиш при идни пазарења.
Сѐ што треба да знаеш
Paket постојано го прилагодува својот асортиман за да го доближи поблиску до очекувањата и потребите на потрошувачите. Еден од неколкуте начини за да се постигне оваа цел е и програмата „Цена за тебе“.
Најпрвин правиме внимателна селекција на препознатливи производи од основната потрошувачка кошничка. Потоа ги споредуваме и израмнуваме цените со трите најголеми дисконтни маркети во Скопје, за на крај да понудиме најниска цена.
Цената на обележаните производи можеш да ја споредиш со цените во дисконтните маркети. Доколку увидиш разлика во цена, каде што објавената цена на Paket е повисока во споредба со онаа во дисконт маркетите, сѐ што треба да направиш е да нѐ информираш преку бројот на корисничка поддршка 02 320 7740 или преку пополнување на формуларот. Потоа, ние ќе ти ја надоместиме разликата во цена со поени на твојата корисничка сметка. На Paket 1 поен = 1 денар.
Износот на поени секогаш ќе биде идентичен со износот на разликата во цена. На пример, доколку цената на Paket изнесува 105 денари, а редовната цена за истиот производ во дисконт маркет е 100 денари, разликата од 5 денари ќе биде надоместена со 5 поени на твојата корисничката сметка. Надоместот ќе биде пресметан на вкупната количина на набавени производи, според примерот, 15 денари за 3 производи - без ограничувања во износот на поени.
Разликата ќе биде надоместена веднаш по остварениот контакт со корисничката поддршка на Paket и утврдување на производот и разликата во цена за кои е поднесено барање за рефундација. Надоместот ќе биде активиран на твојот кориснички профил во форма на поени кои потоа ќе можеш да ги користиш при следните пазарења на Paket.
Paket има доверба во своите потрошувачи и ја цени нивната соработка. За да докажеш разлика во цената на производ обележан со беџ „Цена за тебе“, со цената на истиот производ во некој од националните дисконт маркети, сѐ што е потребно да направиш е да ја информираш нашата корисничка поддршка. Треба да го посочиш производот, името на маркетот во кој што тој производ има пониска цена, датумот кога сте ја забележале оваа разлика и износот на разликата. Потоа, ние ќе се погрижиме за надоместот и цените ќе бидат корегирани.
Неверојатно лесен начин
на пазарење
Купуваш со клик, доставуваме за миг
Секогаш свежо
Гарантираме свежина на нашите производи или враќаме пари назад
Одлични понуди
Широк избор на производи и промоции за сечија потреба