Becutan Kids Vits Б Комплекс Сируп 100мл

Бренд:Alkaloid
Трговец:Annifarm
Состав: Производот содржи комбинација на 7 витамини од групата Б-комплекс (витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б6, витамин Б12, пантотенска киселина и биотин). Дејство: Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс е дизајниран како поткрепа на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и на исцрпеноста. •Витаминот Б1 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето. •Витаминот Б2 придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес. •Нијацинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција. •Витаминот Б6 придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем. •Витаминот Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки. •Пантотенската киселина придонесува за нормална ментална функција. •Биотинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормален метаболизам на макронутриентите, како и за нормална психолошка функција; придонесува за одржување нормална коса, кожа и мукозни мембрани. Употреба: Производот е наменет за перорална употреба. Препорачана дневна доза: Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2,5 ml). Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 ml). Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс се зема по оброк. По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок. Да се протресе пред употреба. Регулаторен статус: Додаток во исхраната.
Одбери