Natural Wealth Skleran 30 таблети

710ден.
Бренд:Natural Wealth
Трговец:Annifarm

Skleran Natural Wealth e мултивитамински и мултиминерален диететски производ со жен-шен, омега-3 есенцијални масни киселини и лук. Производот е наменет за зајакнување на психофизичката состојба на организмот, како и за подобрување на концентрацијата и помнењето. Особено се препорачува за постари лица, лица со ослабен имунитет и виталност, како и за лица кои закрепнуваат од некоја болест. Производот ја надополнува исхраната, задоволувајќи ги специфичните потреби на организмот за витамини и минерали. Жен-шенот претставува едно од најстарите и најпочитуваните растенија воопшто:– помага во обновување на енергијата,– ја поттикнува комплетната ревитализација на организмот,– ја зголемува виталноста,– ја зголемува апсорпцијата и употребата на кислородот во процесот на создавање на енергија,– позитивно влијае на циркулацијата. Лукот традиционално се користи благодарение на изобилството од висококвалитетните состојки кои ги поседува, особено алицинот.– благопријатно делува на крвниот притисок и циркулацијата,– позитивно влијае на нивото на масти и шеќерот во крвта,– корисен е за спречување на атеросклероза.Омега-3 есенцијалните масни киселини имаат благопријатно дејство врз:– крвните садови и циркулацијата,– помагаат во спречувањето на претераното згрутчување на крвта,– го поттикнуваат доброто помнење и расположение. Витаминот Е, Б комплекс витамините, особено витаминот Б-12 и фолната киселина имаат значаjна улога во подобрување на концентрацијата и помнењето.Б комплекс витамините, особено пантотенската киселина и ниацинот во комбинација со жен-шенот:– играат важна улога во обновување на енергијата,– ја подобруваат циркулацијата во мозокот со што ја помагаат неговата работа.Витаминот Е ја подобрува прокрвеноста, особено периферната циркулација. Моќните антиоксиданти како што се бета каротенот, витамините Е, Ц, цинкот и витаминот Б-2 го чуваат здравјето на очите и го подобруваат видот, кој со годините станува се послаб.Витаминот Ц, бета каротен, витамин Е, елементите во траги – селен и цинк со своето антиоксидантно дејство го поттикнуваат зајакнувањето на имунолошката реакција, ги штитат клетките од прерано стареење и пропаѓање.Калциум, фосфор, витамин Д и магнезиум ги штитат коските и мускулите.

Нема залиха