Novalac Allernova AR Млечна бебешка формула 0-36 месеци 400гр

Бренд:Novalac
Трговец:Annifarm
Novalac Allernova AR е храна за посебна медицинска намена. Наменета е за деца кои се преосетливи на протеини на кравјо млеко.Опширен опис:Novalac Allernova AR е диететска храна за посебни медицински потреби за доенчиња и мали деца кои имаат алергија на протеини на кравјо млеко и регургитација.Novalac Allernova AR може да се употребува како единствена храна до 6 месеци. После 6 месеци млечната формула Novalac Allernova AR се употребува како дел од разновидната исхрана. Novalac Allernova AR е згусната храна, производ на хидролизирано кравјо млеко (казеин). Не содржи глутен и лактоза. Novalac Allernova AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата.Лекување на пречувствителност на протеини на кравјото млеко вклучува целосно отфрлање на млечни белковини од храната на доенчињата, а за да се намали враќањето на храната (бљуцкање) се користи густа млечна формула. Вистинско решение за доенчињата со алергија на протеини на кравјото млеко е воведување на храна за посебни медицински потреби Novalac Allernova AR.Novalac Allernova AR содржи хранливи состојки кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза. Novalac Allernova AR (екстензивен хидролизат на казеинот) со додадаток на пченкарен скроб е единствена млечна формула на пазарот која може да реши два проблема одеднаш: ги олеснува симптомите на алергија на протеини на кравјо млеко и го намалува бљуцкањето.Novalac Allernova AR ги содржи сите хранливи состојки, кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза.Novalac Allernovа AR може да го употребувате само под здравствен надзор. Не го користете како храна на здрави доенчиња. Novalac Allernova AR е контраиндициран кај галактоземија и/или малапсорпција на глукоза и галактоза.Составот на специјалните млечни формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.За кого е наменета Novalac Allernova?Доенчиња и мали деца кои веќе имаат алергија на протеини на кравјо млекоДоенчиња и мали деца кои освен алергија имаат проблем и со бљуцкањеДоенчиња од раѓање до 36 месеци
Одбери