Novalac AR Млечна бебешка формула 0-6 месеци 400гр

Бренд:Novalac
Трговец:Annifarm
Почетната млечна формула Novalac AR е прилагодена за доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 6 месеци.Опширен опис:Novalac AR млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 12 месеци, доколку мајките не ги дојат. Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната храна.Novalac AR е единствена млечна формула која содржи пченкарен скроб за оптимално згуснување на храната во желудникот, со што се намалува враќањето на храната кај доенчиња. Поради киселата желудочна pH млечната формула Novalac AR се згуснува дури во желудникот, а не во шише, што овозможува непречено хранење на доенчето кога е приготвена млечната формула.Иако храната се згуснува во желудникот не се успорува варењето, бидејќи пченкарниот скроб содржи 99% лесно сварлив амилопектин. Со употреба на млечната формула Novalac AR се намалува враќањето на храната и изложеноста на кисела желудочна содржина, кои би можеле да ја оштетат слузницата на хранопроводот.Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчето: збогатена е со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува сите важни аминокиселини, минерали и витамини.Novalac AR е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.За кого е наменет Novalac AR?Доенчиња кои често ја враќаат храната (повеќе пати на ден)Доенчиња од раѓање до 6 месеци
Одбери