Now Foods Vitamin D 3 10000Iu 120 капсули

Бренд:Now Foods
Трговец:Annifarm
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.Состав Количина во 1 доза: 1 капсула % на дневни вредностиВитамин Д-3 250 mcg (10000 IU)(како Cholecalciferol) (од Ланолин) 1250%Препорака за употреба: Земете 1 капсула на секои 3 дена со храна која содржи масти или како што е препишано од доктор.Други додатоци: ладно цедено маслиново масло и мека капсула (говетски желатин, глицерин, вода). Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.Без ГМО. Кошер. Содржи желатин.Предупредување: Само за возрасни. Не ја надминувајте препорачаната доза. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено локални лекови за псоријаза или тиазидни диуретици) или имате некаква медицинска состојба (особено хиперкалцемија, заболување на бубрезите или хиперпаратироидизам). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 12-21574/2 од 01.02.2021.Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист. Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
Одбери