Pharmamed Хедерин Сируп 100мл

Бренд:Pharmamed
Трговец:Annifarm
За смирување на кашлица и олеснето искашлување.Особини и намена : Хедерин сируп содржи суви екстракти од листови од бршлен (Hederae folii extractum siccum) кој содржи 4-5 % тритерпенски сапонини од кои хедеракозид ц и алфа хедерин помагаат при искашлување и релаксација на бронхијалната мускулатура. Листот од бршленот спаѓа во група на рефлексни растителни експекторанси. После контактот со гастричната мукоза, овие експекторанси предизвикуваат рефлексна стимулација на продукција на трахијален мукус. Поради тоа густиот и леплив секрет, кој ја иритираше слузницата предизвикувајќи кашлица се разредува и станува потечен со што се олеснува неговото искашлување. Истовремено со релаксација на бронхијалната мускулатура се смирува кашлицата.
Одбери