Салама Фелино

179 - 1.790ден.
Трговец:Bottega del Gusto
Според познатите историски записи, оваа салама датира од пред 2000 години и тоа ја прави најстариот сувомеснат производ познат на човекот. Позната како најдобра помеѓу најдобрите, салама Фелино нуди импресивен вкус од чисто свинско месо зачинето со малку сол, црн бибер, лук и Malvasia dei Colli di Parma вино. Името доаѓа од местото од каде што потекнува - Фелино, мало селце лоцирано во централна Италија. Фелино всушност е познато по производството на салама заради местоположбата, односно се наоѓа на надморска височина од 185 метри со уникатна микроклима, идеална за природно сушење на месо. Како и многу други автентични производи, така и салама Фелино доаѓа со ознаката IGP (Indicazione Geografica Protetta), која ни означува дека производот е одгледуван и произведен во специфичен регион на специфичен начин. За да ја "креира" сламата Фелино, Umberto Boschi користи "trito di banco" - прецизно избрано месо од свинска плешка. Уживајте во деликатната арома и вкус, сервирајќи ја со парчиња фокача, пармезан, бурата и вкусно црвено вино. Без глутен Без лактоза Без додадени шеќери Без стартер култури за ферментација
Нема залиха