Synergy Мултивитамини за возрасни 60 капсули

Бренд:Synergy
Трговец:Annifarm
МУЛТИВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ СО ЛУТЕИНШто претставува MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN ?MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN е супериона формула која ги содржи сите витамини и минерали неопходни за одржување на доброто здравје. Помага во метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини.Витамините и минералите се природни материи кои му се потребни на нашиот организам за негов раст, развој и правилно функционирање. MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN содржи антиоксиданси – витамини и микроелементи во препорачани дневни дози и се употребува како превенција од некои заболувања и одредени здравствени состојби. Целта на нивната примена е да се надомести недостатокот што може да појави поради неквалитетна исхрана, или консумирање на храна со мали количини на витамини и минерали.Дејство на MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEINКориста од примањето мултивитамини и минерали е огромна и повеќекратна. Покрај придржувањето кон правилната исхрана, потребно е дополнително внесување на витамини и минерали во адекватни дози за обезбедување на максимална нутритивна поддршка. Истражувањата покажале дека најголема корист од редовно земање на додатоци од мултивитамини и минерали имаат хронично болните лица и постарите лица. Воочено е дека кај нив се намалува зачестеноста од инфекции и воспаленија, а при мерење на теломерите од хромозомите е докажано дека со земањето на мултивитамини може да се продолжи и животниот век.Лутеинот има способност да го заштитува човековото тело од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл. Лутеинот е присутен во макулата на човечката ретина и во човековите микро-кристални очни леќи и игра важна улога во заштитата од старечката макуларна дегенерација и катаракта Откако ќе се внесе лутеин во организмот, тој се таложи на macula lutea (жолта дамка) и ретината, како и во леќата на окото. Поради неговиот недостиг настануваат дегенеративни промени во овие делови на окото.MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN дава поддршка на целокупното здравје и благосостојба: Неутрализирајќи го штетното влијание на слободните радикали го подобрува имунолошкиот систем на организмот. Придонесувајќи за одржување на нормална срцева функција и активноста на крвните садови. Подобрувајќи го расположението и когнитивните способности. Обезбедувајќи нормална густина на коските и нормална функција на мускулите. Учествувајќи во формирање на крвни елементи и клеточни мембрани. Придонесувајќи за одржување на нормален вид, кожа, коса, слузница, заби. Намалувајќи го стресот и исцрпеноста и подржувајќи го нормалното функционирање на нервниот систем. Одржувајќи го целокупното здравје на организмот.
Одбери