visa

20% попуст за секоја сметка од над 2.000 денари платена со Visa картичка

Со плаќање со Visa картичките добивате директен попуст од 20% на секоја сметка од над 2.000 денари, до 31 октомври 2024 или до искористување на промотивниот буџет.

Регистрирај се за да зачуваш картичка и користи ја неверојатната поволност!

Услови за користење:

  • Попуст од 20% на целата сметка.
  • Минималниот износ на кошничката за добивање на попустот е 2.000 МКД. Плаќањата со пакет поени не влегуваат во оваа сума.
  • Од попустот се изземени плаќањата извршени со пакет поени.
  • Понудата е достапна доколку користите Visa картичка која е зачувана и верификувана како “Visa” на вашата сметка на Paket.
  • Понудата истекува во 23:59 на 31 октомври 2024 или додека не се потроши буџетот предвиден за промоцијата, кое и да се случи прво.
  • Важат општите Правила и услови за користење на Paket.mk.

Политика за фер користење на попустот при плаќање со Visa картичка

1. Вовед

Оваа Политика за фер користење е воведена со цел да се обезбеди фер и правилно користење на попустот од 20% при плаќање со Visa картички.

2. Предмет

Политиката се однесува на сите корисници кои прават нарачки на Paket.mk и ја користат опцијата за плаќање со Visa картичка, при што добиваат попуст од 20% на износот на нарачката.

3. Цел

Политиката за фер користење е насочена кон спречување на злоупотреби, како што е нарачување големи количини на производи со цел препродажба, наместо за лична употреба. Оваа политика има за цел да им овозможи еднаков пристап до поволностите од кампањата на сите корисници, да ги заштити нивните интереси и да осигура дека попустот се користи наменски, за лична употреба на домаќинствата, а не за комерцијални цели.

4. Дискреционо право

Нашата компанија го задржува дискреционото право да ги прегледа сите нарачки и, во случај на сомнеж за злоупотреба на попустот, да одбие да ја испорача нарачката. Ова вклучува, но не се ограничува на случаи каде што:
- Нарачките вклучуваат несразмерно големи количини на производи.
- Се забележува систематско нарачување на иста група производи во големи количини во краток временски период.
- Постои сомнеж дека нарачките не се за лична употреба, туку за препродажба или друга комерцијална употреба.

5. Известување за злоупотреба

Во случај на идентификувана злоупотреба или прекршување на оваа политика, корисникот може да биде информиран преку е-пошта или телефон за настанатата ситуација, со детали за причините за сомнежот, а нарачките може да бидат откажани.

6. Примена

Оваа Политика за фер користење се применува веднаш и останува во сила се додека трае кампањата со субвенции за плаќање со Visa картичка. Компанијата го задржува правото да ја измени оваа политика во секое време без претходна најава, во согласност со важечките закони и регулативи.

7. Контакт

За повеќе информации или прашања во врска со Политиката за фер користење, корисниците можат да контактираат со нашата служба за корисничка поддршка.