FreeOn Fantasy Детска количка 3во1 0-36 месеци до 13кг

27.999ден.
Бренд:FreeON
Трговец:Apollo Mk

Елеганција, издржливост и функционалност – ова се главните карактеристики на најновите колички FreeON Fantasy кои на родителите им даваат едноставност и удобност на нивните деца.
Количката има прилагодлив потпирач за грб и прилагодлив потпирач за нозе, безбедносен појас со 5 точки, прилагодлива рачка од еко- кожа за поудобно држење, пространа корпа за пазарење, отстранлив штитник, предни тркала со амортизери и големи задни тркала кочница.
Количките FreeON Fantasy 3 во 1 се одличен избор бидејќи овозможуваат три различни намени. За секој период од растењето на вашето дете. Во удобна и пространа корпа ќе го возите вашето дете од раѓање до 6 месеци, а кога детето ќе седи самостојно, корпата ќе биде заменета со спортски дел кој може да се користи до 36 месеци. Можно е закачување на рамката со адаптери и група за седишта за автомобил 0+ во која детето ќе се вози до 13 кг. Количките Fantasy 3 во 1 се практично решение за сите млади семејства, особено за оние кои со едно купување сакаат да задоволат повеќе потреби во исто време.
Количките FreeON Fantasy со големи EVA тркала и компактна алуминиумска рамка се справуваат со сите видови терени. Предните тркала овозможуваат брзи и остри вртења, додека големите задни тркала обезбедуваат апсорпција на вибрациите и поголема стабилност на детската количка додека возите.

  • Количка 3 во 1 – количка со корпа, седиште за автомобил 0+ и спортски дел, кој можете да го користите од 0 до 36 месеци.
  • Лесна алуминиумска конструкција, коjа е дизајнирана за секаков вид терен,
  • Појас со 5 точки и меки перничиња за максимална удобност при возење.
  • Функционална количка: Потпирачот за грб може да се намести во неколку позиции, како и потпирачот за нозе.
  • Прилагодливата рачка и настрешница, што е исклучително важно за време на топли и врнежливи денови.
  • Лесно се преклопува заедно со спортскиот дел, без разлика во која насока се ротира спортскиот дел за време на склопувањето.
Нема залиха